Песна 119
Дојдете да закрепнете!
1. Во своеглав, неверен, изгубен свет
живееме од ден на ден.
Да знаеме кој е исправниот пат,
патокази потребни се.
По секој наш состанок посилни сме,
со поцврста вера во Бог.
Да одиме напред, без застој и страв,
нѐ бодри, закрепнува Тој.
Од почит кон сѐ што заповедал Бог,
на состанок редовни сме.
Вистината така се врежува в нас
и патот сѐ појасен е.
2. Јехова нѐ познава најдобро нас:
без водство, изгубени сме.
Незаменлив секој наш состанок е,
ни кажал во својата Реч.
Преку нив нѐ учи, поттикнува тој,
ни помага љубезно нам.
И браќа ко семејство блиски ни дал,
не оставил никого сам.
Пред многу поубави времиња сме,
да бидеме верни до крај.
А секој наш состанок патоказ е
кон прекрасен живот во рај.
(Види и Пс. 37:18; 140:1; Изр. 18:1; Еф. 5:16; Јак. 3:17.)