Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 107

Дојдете на Јеховината гора

Дојдете на Јеховината гора

(Исаија 2:2-4)

1. Гледај, над секој врв

и над сите планини

има Јехова гора,

таму изградил дом.

Води кон неа тој

народ збран од секаде.

Еден на друг си велат:

‚Дојди, слушај го Бог‘.

Време е, чукна час,

голем народ да стане од мал.

Овој раст доказ е:

Бог нѐ води и благослов дал.

Милиони пред Бог

денес стојат собрани.

Секој му ветил верна

служба нему без крај.

2. Исус заповед дал:

‚Речта проповедај ја‘.

Веста за Божје Царство

сегде позната е.

Христос, Царот од Бог,

сите ги повикува.

Нека го најдат патот

преку Божјата Реч.

Секој ден, голем број

кротки луѓе привлекува тој.

Каква чест за нас е

што на Бог соработници сме!

Денес гласно, без страв,

секој да го викнеме:

‚Дојди на таа гора

служи со нас и ти!‘