Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 45

Напред!

Напред!

(Евреите 6:1)

1. Само напред, што поскоро стани зрел!

Да си добро оспособен нека ти е цел.

Да ја подобриш службата труди се,

и ќе имаш успех, знај.

Исус задача важна ни дал,

а и пример ни оставил нам.

На Јехова потпирај се, не си сам,

и ќе истраеш до крај.

2. Само напред, со службата продолжи!

Нека дознаат луѓето кој е Богот жив.

И на сите за Царството кажи им,

чукни кај нив, биди смел.

Против делото некои се,

но за тоа подготвени сме.

Ние радосна вест разгласуваме.

Спремно дај го својот дел.

3. Оди напред и не заостанувај!

Има работа, затоа сѐ од себе дај.

Нека духот те води, напредувај,

радост, мир почувствувај.

Вредно барај ги кротките ти,

љубов покажи, оди кај нив,

и да изградат вера помогни им

да го слават Бог без крај.