Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 97

Напред, слуги на Царството!

Напред, слуги на Царството!

(2. Тимотеј 4:5)

1. Со веста за Царството оди

во секое село, град.

Од љубов кон ближните свои,

вистината јави ја.

Разгласи го Божјето име,

Бог нам ни ја дал таа чест.

На „полето“ работи вредно

и шири ја добрата вест.

(РЕФРЕН)

Напред, проповедајте за веста смело секаде!

Напред, верни, лојално на Божја страна бидете!

2. Наградата поттик им дава

на Божјите сведоци.

Учителот верно го следат

со срца обновени.

Да кажеме храбро на сите:

‚На прагот е новиот свет‘.

Јехова е силата зад нас,

ни помага храбри да сме!

(РЕФРЕН)

Напред, проповедајте за веста смело секаде!

Напред, верни, лојално на Божја страна бидете!

3. Без застој чекориме напред,

„остатокот“ предводи.

Да држиме со него чекор,

во службата истрајни.

А нашата служба е света —

да бидеме чисти во сѐ.

Јехова да рече на крајот:

„За доверба достојни сте!“

(РЕФРЕН)

Напред, проповедајте за веста смело секаде!

Напред, верни, лојално на Божја страна бидете!