Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 103

Од дом во дом

Од дом во дом

(Дела 20:20)

1. Од дом во дом, од праг на праг,

Реч Божја носиме.

Од град во град, по селата,

ја разгласуваме.

За Божје Царство добра вест

низ цел свет шириме.

И млад и стар проповеда,

и не се срамиме.

2. Од дом во дом, од праг на праг,

за спас зборуваме.

Кој Божје име повика,

тој спас ќе добие.

Но, како ќе го повика,

а не чул за него?

Ќе чуе ако одиме

во служба редовно.

3. На луѓето во секој дом

им проповедаме,

а дали ќе нѐ слушаат,

па, нивни избор е.

Бар’ името Јеховино

го објавуваме.

Достојните ги бараме,

не престануваме.