Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 102

Пеј ја и ти песната за Царството!

Пеј ја и ти песната за Царството!

(Псалм 98:1)

1. Со нова песна денеска Јехова

се слави како моќен победник.

За сите таа носи светла надеж,

па, запеј со нас радосно и ти:

(РЕФРЕН)

‚Јехова Бог, Севишниот,

му даде власт на Синот свој.

Поклони се пред твојот голем Творец

и пеј ја песнава за Царството‘.

2. Со неа сегде добра вест се шири:

‚Над сета Земја Исус царува!‘

Според пророштвото, се роди народ

кој сега Царот го поздравува:

(РЕФРЕН)

‚Јехова Бог, Севишниот,

му даде власт на Синот свој.

Поклони се пред твојот голем Творец

и пеј ја песнава за Царството‘.

3. Ја учат сите кротки таа песна

со топли зборој, ведра порака.

Низ цел свет мноштво големо ја знае

и кани други да ја запеат:

(РЕФРЕН)

‚Јехова Бог, Севишниот,

му даде власт на Синот свој.

Поклони се пред твојот голем Творец

и пеј ја песнава за Царството‘.