Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 109

Поздравете го Јеховиниот Првороден!

Поздравете го Јеховиниот Првороден!

(Евреите 1:6)

1. Славен да е Царот

што Бог ни го постави!

Ни носи мир и правда

и многу благослови.

Од престолот свој славен

ќе потврди за век:

Единствено Јехова

е Богот Севишен!

(РЕФРЕН)

Славен да е Царот

од Сион што владее!

Му даде власт Јехова

на својот Првороден!

2. Славен да е Царот

што живот ни подари.

Се понизи и умре,

од гревот нѐ откупи.

Невестата го чека

во бела облека.

Бог владее со право,

ќе докаже тој брак.

(РЕФРЕН)

Славен да е Царот

од Сион што владее!

Му даде власт Јехова

на својот Првороден!