Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 98

Сејте го семето на Царството

Сејте го семето на Царството

(Матеј 13:4-8)

1. О робови на Бог Јехова,

да служите имате чест!

Господарот в поле ве вика,

ширете ја добрата вест.

Од семето вие сејте без страв

во срца што даваат плод.

Дур’ верно работите, секој свој дел,

ќе соберете обилен род.

2. А некое семе ќе падне

во срце ко каменот јак.

Ќе никне, но свенува веднаш

штом сончев ќе запече зрак.

Лакомоста фаќа корен ко трн,

во срце обраснува сѐ,

но некое семе ќе падне на тло

кое меко и родно ќе е.

3. А колку ќе чујат за веста,

ќе зависи многу од вас.

И љубов и стрпливост треба

за нивниот духовен раст.

Внимателно помош дајте им ним

од ништо да немаат страв,

и тогаш со радост ќе жнеете род

што е богат и убав и здрав.

(Види и Мат. 13:19-23; 22:37.)