Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 102

Да им помагаме на слабите!

Да им помагаме на слабите!

(Дела 20:35)

  1. 1. Сите ние слабости

    безброј имаме.

    Сепак, Бог нѐ сака нас

    и со маните.

    Милостив, добар е

    тој кон нас секој ден.

    Затоа кон слабите

    добри ние сме.

  2. 2. Можеби во верата

    некој ослабел,

    сила ние повторно

    да му влееме.

    Бог е крај слабите

    за да ги подигне.

    Да им ги ублажиме

    стравот, болките.

  3. 3. Место да го судиме

    оној што е слаб,

    помош да му пружиме

    пак да стане јак.

    Да се потрудиме

    да го охрабриме

    и да го увериме

    дека ни е драг.