Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 107

Да покажуваме љубов како Бог

Да покажуваме љубов како Бог

(1. Јованово 4:19)

  1. 1. Јехова нѐ учи како се сака,

    искрено, длабоко.

    Со својата љубов пример ни дава

    какви да сме ние во сѐ.

    Го жртвувал тој највредното нешто.

    Го дал својот Син, го поништил гревот.

    Не направил никој толку ко него.

    Од љубов нам тој живот ни дал.

  2. 2. И ние ко својот небесен Татко

    сакаме од срце,

    и еден за друг во добро и лошо

    правиме сѐ, грижливи сме.

    А оној што Бог од срце го сака,

    ги сака ко себе своите браќа,

    преминува преку грешките, сфаќа —

    со љубов сѐ поинаку е.

  3. 3. Вистинската љубов сите нѐ прави

    поблиски, посреќни.

    Со неа Јехова меѓу нас гради

    единство пред целиот свет.

    По нашата љубов нека се гледа

    начелата колку многу ни вредат.

    Да бидеме луѓе Бог што го следат,

    кој толку нам од љубов ни дал.