ПЕСНА 156
Штом верувам
1. Не ми е страв од лавот
ниту, пак, од некој друг.
Мојот Бог ми помага,
и немам причина
пред никого да треперам.
(РЕФРЕН)
Штом верувам,
ќе гледам само напред.
Штом верувам,
од ништо немам страв.
Со Јехова крај мене
ќе издржам јас сѐ.
Сила имам над
нормалната
штом верувам.
2. Верните Божји слуги
биле храбри, одлучни.
И со вера во Бог
истрајале до крај —
ги чека вредна награда.
(РЕФРЕН)
Штом верувам,
ќе гледам само напред.
Штом верувам,
од ништо немам страв.
Со Јехова крај мене
ќе издржам јас сѐ.
Сила имам над
нормалната
штом верувам.
(ПРЕМИН)
Со вера јас
планина ќе турнам,
и жива ми
е надежта.
Така без страв
ќе гледам
кон иднината,
а не кон мој’та неволја.
3. Јасно го гледам рајот,
сите благослови.
Ќе истраам јас
бидејќи добро знам:
многу скоро Бог ќе победи.
(РЕФРЕН)
Штом верувам,
ќе гледам само напред.
Штом верувам,
од ништо немам страв.
Со Јехова крај мене
ќе издржам јас сѐ.
Сила имам над
нормалната
штом верувам.
Штом верувам.
(Види и Евр. 11:1-40.)