ПЕСНА 47
Моли го Бог секој ден
-
1. Дар од Јехова молитвата е.
Тој да нѐ слуша е огромна чест.
Сметај го него за пријател свој,
доверба имај, ќе помогне тој.
Моли го Бог секој ден.
-
2. Кажи му колку благодарен си.
Побарај прошка и простувај ти.
Признај ги грешките свои без страв.
Тој ќе си спомне: нѐ создал од прав.
Моли го Бог секој ден.
-
3. Штом ти е тешко, помоли го Бог.
Тука е за нас во добро и зло.
Побарај заштита, водство во сѐ.
Не губи вера, тој крај тебе е.
Моли го Бог секој ден.
(Види и Пс. 65:5; Мат. 6:9-13; 26:41; Лука 18:1.)