Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 67

Итно е!

Итно е!

(2. Тимотеј 4:2)

  1. 1. Заповед денес Бог ни дал,

    која од нас бара ревност и жар:

    да кажеме секому без срам

    за надежта што в срце ни е нам!

    (РЕФРЕН)

    Да, итно е!

    Проповедаме со жар.

    Итно е!

    Нека чуе млад и стар.

    Итно е

    да се спасат кротките!

    Итно е!

    На крајот сме.

  2. 2. Некогаш тешко време е,

    чиниш против нас е целиот свет.

    Но, ако е секој од нас смел,

    Јехова си го прави својот дел.

    (РЕФРЕН)

    Да, итно е!

    Проповедаме со жар.

    Итно е!

    Нека чуе млад и стар.

    Итно е

    да се спасат кротките!

    Итно е!

    На крајот сме.

  3. 3. Некогаш добро оди сѐ.

    Поучуваме и радосни сме.

    Го славиме името на Бог,

    кажуваме што сѐ ќе стори тој.

    (РЕФРЕН)

    Да, итно е!

    Проповедаме со жар.

    Итно е!

    Нека чуе млад и стар.

    Итно е

    да се спасат кротките!

    Итно е!

    На крајот сме.