Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 87

Да се храбриме на состаноците!

Да се храбриме на состаноците!

(Евреите 10:24, 25)

  1. 1. Во своеглав, неверен, изгубен свет

    живееме од ден на ден.

    Да знаеме кој е исправниот пат,

    патокази потребни се.

    По секој наш состанок посилни сме,

    со поцврста вера во Бог.

    Да одиме напред без застој и страв,

    нѐ бодри, закрепнува Тој.

    Од почит кон сѐ што заповедал Бог,

    на состанок редовни сме.

    Вистината така се врежува в нас

    и патот сѐ појасен е.

  2. 2. Јехова нѐ познава најдобро нас:

    без водство, изгубени сме.

    Незаменлив секој наш состанок е,

    ни кажал во својата Реч.

    Преку нив нѐ учи, поттикнува тој,

    ни помага љубезно нам.

    И браќа ко семејство блиски ни дал,

    не оставил никого сам.

    Пред многу поубави времиња сме,

    да бидеме верни до крај.

    А секој наш состанок патоказ е

    кон прекрасен живот во рај.