ПЕСНА 99
Стотици илјади браќа
-
1. Стотици илјади браќа
секаде, низ цел свет,
Сведоци верни денес
заедно со нас се.
Мноштво од милиони
сега е собрано.
Народи, племиња, јазици
сложно го фалат Бог.
-
2. Стотици илјади браќа,
близу и далеку,
добрата вест ја шират
бестрашно секому.
Колку и да е тешко,
сите сме истрајни.
Исус е нашата поткрепа
кога сме уморни.
-
3. Стотици илјади браќа
будно нѐ чува Бог,
додека цврсто, верно,
служиме ден и ноќ.
Народ за своја слава
Бог има денеска.
Негови сме соработници
овде на Земјата.
(Види и Иса. 52:7; Мат. 11:29; Отк. 7:15.)