Баш на прагот
Преземи:
1. Слушаш птичји пој се лее,
сино небо, воздух чист,
а во ливада со цвеќе —
полно пчелички, пеперутки.
Ги гушкаш твојте блиски
и им велиш: „Замисли!
Сега сме во овој рај,
кој беше баш на прагот“.
2. Гледаш куќичка на ридот,
друга — во долината.
Некој весело си пее
дур’ се шетка покрај реката.
Се нишкаат на ветрот
златни класје пченица.
Светот нов го дочекав,
кој беше баш на прагот.
(ПРЕМИН)
Со блиските се храбревме
за надежта дур’ зборевме.
А сега сѐ се исполни
и сите сме насмеани.
3. Весел џагор, детска смеа,
идат откај сеното.
Твојте блиски се крај тебе,
му се радуваш на утрото.
И на Бог му велиш: „Фала!
Овој свет е преубав!
Фала што го дочекав.
Тој беше баш на прагот!“
(ПРЕМИН)
И секој ден те држам јас
во мој’та цврста прегратка,
а болката и тагата
од срцево исчезнаа.
4. Веќе е на прагот
денот што го чекаме.
Ни го ветил нам Јехова,
не е можно тој да излаже.
Сила надежта ни дава,
в мисли ни е секогаш.
Денот што го чекаме
сега веќе е на прагот.