Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Благодарни за сѐ што создал Бог

Благодарни за сѐ што создал Бог

Преземи:

  1. 1. Полско цвеќе — килим разнобоен цел,

    бујни гори, ветрец благ носи мирис свеж,

    ме гали зрак сончев ко бакнеж драг,

    пој мил — в душа рај, небо в син сјај.

    (ВОВЕД ВО РЕФРЕН)

    Па кој сум јас

    пред таква убост?

    И како ли јас

    да возвратам за сѐ?

    (РЕФРЕН)

    Благодарен да сум,

    и Јехова да знае

    дека ценам

    што нѐ сака без крај.

    Еј, стој за миг,

    земи здив-два и размисли што сѐ ни дал.

    Мисли колку многу направил.

    Благодарен да сум.

    Благодарен да сум.

  2. 2. Сликарско платно исцртано од Бог

    среде небото ширно ме остава без здив.

    А жубор од реки ме лула в мирен сон,

    и ѕвезди безброј за прекрасна ноќ.

    (ВОВЕД ВО РЕФРЕН)

    Па кој сум јас

    пред таква убост?

    И како ли јас

    да возвратам за сѐ?

    (РЕФРЕН)

    Благодарен да сум,

    и Јехова да знае

    дека ценам

    што нѐ сака без крај.

    Еј, стој за миг,

    земи здив-два и размисли што сѐ ни дал.

    Мисли колку многу направил.

    Благодарен да сум.

    (ПРЕМИН)

    Во сѐ ја гледам твој’та моќ.

    Колку мудар, добар си,

    со љубов си полн.

    И знам јас мора

    благодарен да сум.

    (РЕФРЕН)

    Благодарен да сум,

    и Јехова да знае

    дека ценам

    што нѐ сака без крај.

    Еј, стој за миг,

    земи здив-два и размисли што сѐ ни дал.

    Мисли колку многу направил.

    Благодарен да сум.

    Благодарен да сум.

    Благодарен да сум.