Ќе видиш
Преземи:
1. Обиди се да замислиш
свет полн со љубов, убавини.
Очи штом
затвориш,
ќе видиш.
2. Не, не е мечта и не е сон.
Сѐ што со љубов ни ветил Бог
е реалност.
Дојди и
ќе видиш.
(РЕФРЕН)
Погледни!
Од секој лик зрачи радост, мир.
Замисли!
Бог сакал вака да живееш ти.
3. Оние во смрт што заспале,
меѓу нас повторно ги гледаме.
Дојди и
ќе видиш.
Ќе видиш.
4. А болките и страдањата
се веќе зад нас, од нив нема траг.
Дојди и
ќе видиш.
Ќе видиш.
(РЕФРЕН)
Погледни!
Од секој лик зрачи радост, мир.
Замисли!
Бог сакал вака да живееш ти.
5. Јехова, знам, сѐ ќе исполни —
во Речта дал толку докази.
(ПРЕМИН)
Погледни
што сѐ тој
спрема за нас —
ќе го доживееш ти
ако...
6. очите ги затвориш
и таму со мене дојдеш ти.
Дојди и
ќе видиш.
Ќе видиш.