Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Пријатели ко порано

Пријатели ко порано

Преземи:

  1. 1. Со денови јас не спијам,

    во мене врие лутина.

    Пред другите се преправам.

    Ни трошка радост во мене

    не остана.

    (РЕФРЕН)

    Но, време е за промена,

    да пробам сѐ да исправам

    за раните да зараснат

    и блиски пак да бидеме.

  2. 2. Штом некој нас нѐ повредил,

    да мислиме на љубовта —

    на дарот Бог што ни го дал.

    О, колку тој ни простил нам,

    ни простил нам!

    (РЕФРЕН)

    Да, време е за промена,

    да пробам сѐ да исправам

    за раните да зараснат

    и блиски пак да бидеме.

    (ПРЕМИН)

    Веќе е време

    да одам да се извинам.

    Да сме ко порано.

    Пријатели ко порано.

  3. 3. И двајцата нѐ сака Бог.

    Тој сака блиски пак да сме.

    Штом простам и заборавам,

    од радост пак ќе зрачам јас,

    ќе зрачам јас.

    (РЕФРЕН)

    Да, време е за промена,

    да пробам сѐ да исправам

    за раните да зараснат

    и блиски пак да бидеме,

    и блиски пак да бидеме.

    Веќе е време.