Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

mustafahacalaki/DigitalVision Vectors via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Вештачка интелигенција — благослов или проклетство? — што вели Библијата?

Вештачка интелигенција — благослов или проклетство? — што вели Библијата?

 Неодамна, голем број светски водачи, научници и стручњаци од областа на технологијата изнесоа свои ставови во врска со влијанието на вештачката интелигенција (AI). Тие признаваат дека вештачката интелигенција носи големи придобивки, но, од друга страна, изразуваат загриженост поради можноста да биде злоупотребена.

  •   „Вештачката интелигенција е една од најмоќните технологии денес која има потенцијал да им го подобри животот на луѓето... Но, во исто време, има потенцијал и драстично да ни ги загрози безбедноста и сигурноста, да ни ги наруши човековите права, да ни навлезе во приватноста и да ја поткопа довербата на јавноста во демократијата“ (Камала Харис, потпретседателка на САД, 4 мај 2023).

  •   „Вештачката интелигенција (AI) може донекаде да ја подобри здравствената грижа, но може и да ни го доведе во опасност физичкото и емоционалното здравје“, напиша една меѓународна група од лекари и стручњаци од полето на здравството предводена од д-р Фредерик Федерспил во една статија објавена на 9 мај 2023 во BMJ Global Health. a

  •   „Луѓето веќе ја злоупотребуваат вештачката интелигенција за ширење дезинформации. А во блиска иднина, таа може да затвори и голем број работни места. Некои луѓе што се занимаваат со технологија се загрижени дека, на крајот, дури може да го доведе во опасност и опстанокот на човештвото“ (The New York Times, 1 мај 2023).

 Времето ќе покаже какво влијание ќе има вештачката интелигенција врз човештвото — добро или лошо. Што вели Библијата?

Зошто напорите на луѓето носат неизвесност

 Библијата покажува зошто луѓето не можат да дадат гаранција дека напредната технологија ќе се користи само за добри цели.

  1.  1. Дури и кога луѓето имаат добри намери, не можат секогаш да ги предвидат негативните последици од нивните дела.

    •   „Некој пат му се чини на човекот исправен, но на крајот води во смрт“ (Изреки 14:12).

  2.  2. Никој нема контрола врз тоа како другите ќе го користат — или злоупотребат — она што го создал.

    •   „Морам да го оставам [моето дело] на човек што ќе дојде по мене. А кој знае дали тој ќе биде мудар или глупав? Сепак, тој ќе стане господар на сето она за кое се трудев и напорно работев и во кое ја вложував својата мудрост под сонцето“ (Проповедник 2:18, 19).

 Ваквата неизвесност нагласува зошто ни е потребно водство од нашиот Творец.

Во кого може да имаме доверба

 Нашиот Творец ни ветува дека тој никогаш нема да им дозволи на луѓето ниту на нивната технологија да ги уништат Земјата или човештвото.

  •   „Земјата останува засекогаш“ (Проповедник 1:4).

  •   „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29).

 Во Библијата, нашиот Творец ни дава совети кои ќе ни помогнат да живееме во мир и сигурност во иднина. За да дознаеш што вели Библијата, прочитај ги статиите „Зошто ни е потребен Бог“ и „Кој може да ја предвиди иднината?

a Од статијата „Опасностите од вештачката интелигенција по здравјето и опстанокот на човекот“, напишана од Фредерик Федерспил, Рут Мичел, Аша Асокан, Карлос Умана и Дејвид Меккој.