Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

hadynyah/E+ via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Глобална криза со храна предизвикана од војна и од климатски промени — што вели Библијата?

Глобална криза со храна предизвикана од војна и од климатски промени — што вели Библијата?

 Војната во Украина и негативните ефекти од климатските промени и понатаму ги уништуваат глобалните резерви со храна. Ова е особено случај во земјите во развој, каде што многумина се мачат да обезбедат доволно храна.

  •   „Производството и достапноста на храна се попречени поради конфликт, климатски промени, цените на енергијата и други фактори“ (Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН, 17 јули 2023).

  •   „Експертите предвидуваат дека повлекувањето на Русија од договорот за извоз на жито од Украина ќе ја влоши глобалната криза со храна и ќе ги зголеми цените на храната во сиромашните земји, особено во Северна Африка и Блискиот Исток“ (Atalayar.com, 23 јули 2023).

 Дознај што вели Библијата во врска со кризите со храна и иднината.

Библијата прорекла дека ќе има кризи со храна

  •   Исус прорекол: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад“ (Матеј 24:7).

  •   Во библиската книга Откровение се опишани четири симболични јавачи. Едниот од нив ги претставува војните. По него следи друг јавач кој го претставува гладот, односно укажува на време кога не ќе може лесно да се дојде до храна и кога таа ќе се продава по многу висока цена. „Наеднаш пред мене се појави еден црн коњ. Коњаникот што јаваше на црниот коњ во раката држеше терезија. Потоа чув глас што... го кажуваше следното: ’Килограм пченица ќе ве чини една дневница, три килограми јачмен ќе ве чинат една дневница‘“ (Откровение 6:5, 6, Радосна Вест).

 Овие библиски пророштва за недостиг на храна се исполнуваат сега, во времето кое во Библијата е наречено „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1). За да дознаеш повеќе за „последните денови“ и за четирите јавачи од Откровение, гледај го видеоклипот Од 1914 светот повеќе не е ист и прочитај ја статијата „Што претставуваат четирите јавачи?

Како ни помага Библијата

  •   Во Библијата има практични совети кои може да ни помогнат да се снајдеме во тешки ситуации, на пример, кога цените на храната растат или дури и кога има недостиг на храна. Некои такви совети можеш да најдеш во статијата „Како да раководиш со парите“.

  •   Исто така, Библијата ни дава надеж дека работите ќе се подобрат. Во неа е ветено дека ќе дојде време кога „на земјата житото богато ќе роди“ и кога за секого ќе има доволно храна (Псалм 72:16). Нешто повеќе во врска со тоа каква надеж ни дава Библијата за иднината и зошто можеш да бидеш сигурен дека ќе биде така можеш да најдеш во статијата „Патот до среќата — надеж“.