Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Chris McGrath/Getty Images

Војни — што ќе направи Божјето Царство

Војни — што ќе направи Божјето Царство

 Светот и понатаму го пустошат војни кои носат невидени болки и страдања. Еве некои извештаи:

  •   „Според најновите бројки, само минатата година во војна загинале повеќе луѓе отколку во изминатите 28 години. И тоа главно се должи на војните во Етиопија и во Украина“ (Институт за мировни истражувања во Осло, 7 јуни 2023).

  •   „Војната во Украина е само еден од конфликтите кои ескалираа во 2022 год. Општо земено, минатата година, гледано во светски рамки, политичкото насилство се зголеми за 27%, од кое, според проценките, се погодени 1,7 милијарди луѓе“ (Проект за лоцирање на вооружени конфликти и податоци за настани [ACLED], 8 февруари 2023).

 Но, Библијата ни дава надеж. Во неа пишува дека „небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне“ (Даниел 2:44). Под власта на тоа Царство, односно влада, Бог ќе ги прекине „војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9).