Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Лево: Olena Yefremkina/stock.adobe.com; средина: lunamarina/stock.adobe.com; десно: Rido/stock.adobe.com

БИДЕТЕ БУДНИ!

Во кого можеш да имаш доверба? Што вели Библијата?

Во кого можеш да имаш доверба? Што вели Библијата?

 Луѓето остануваат разочарани кога ќе ги изневери некој за кого сметале дека ја заслужува нивната доверба. Многумина изгубиле доверба во:

  •   политичките лидери, кои сопствените интереси ги ставаат пред интересите и потребите на народот.

  •   медиумите, кои честопати не ги презентираат вестите точно и непристрасно.

  •   научниците на кои воопшто не им е грижа за доброто на луѓето.

  •   верските водачи, кои наместо да го застапуваат Бог, имаат силно влијание и вмешаност во политиката.

 Сосема е разбирливо што луѓето се многу претпазливи во кого ќе положат доверба. Библијата предупредува:

  •   „Вашата вера да не биде во владетели, во смртници кои не можат да бидат спасители“ (Псалм 146:3, Радосна Вест).

Некој во кого можеш да имаш доверба

  Библијата ни кажува дека има некој во кого можеме да имаме доверба: Исус Христос. Тој не бил само еден добар човек кој живеел пред многу векови. Бог го поставил Исус да владее како Цар, а „неговото царство ќе нема крај“ (Лука 1:32, 33). Исус е Цар на Божјето Царство, влада која сега владее од небото (Матеј 6:10).