Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

kovop58/stock.adobe.com

БИДЕТЕ БУДНИ!

Дали Олимписките игри навистина можат да ги обединат луѓето? Што вели Библијата?

Дали Олимписките игри навистина можат да ги обединат луѓето? Што вели Библијата?

 За време на Олимписките игри во 2024 год., се проценува дека околу пет милијарди луѓе ќе ги гледаат спортистите од 206 земји кои учествуваат во игрите. Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, изјавил: „Ние сме дел од еден настан кој го обединува светот во мир. Да го поддржиме духот на Олимписките игри според кој луѓето треба да живеат во мир и единство и покрај сите наши разлики“.

 Можат ли Олимписките игри да ги постигнат ваквите возвишени цели? Има ли надеж за вистински мир и единство?

Дали навистина придонесуваат за мир и единство?

 Овогодишните Олимписки игри се повеќе од само спорт. Тие истакнаа општествени и политички прашања кои ги делат луѓето. Во тоа спаѓаат човековите права, расизмот, верската дискриминација и нееднаквоста.

 Меѓународните спортски настани како што се Олимписките игри нудат забава. Но, ваквите настани исто така откриваат и поттикнуваат ставови и постапки кои ги делат луѓето наместо да ги водат до траен мир и единство.

 Во Библијата е проречено дека луѓето ќе имаат ставови поради кои ќе биде тешко да се постигне единство (2. Тимотеј 3:1-5). За да дознаеш нешто повеќе за ова библиско пророштво, прочитај ја статијата „Дали Библијата прорекла какви ќе бидат луѓето денес?

Вистинска надеж за мир и единство во светот

 Библијата ни дава надеж дека навистина ќе има мир и единство во целиот свет. Таа ветува дека сите луѓе на Земјата ќе бидат обединети под една небесна влада наречена „Божјето царство“ (Лука 4:43; Матеј 6:10).

 Царот на Божјето Царство, Исус Христос, ќе донесе мир на целата Земја. Во Библијата пишува:

  •   „Ќе процвета праведникот и ќе има голем мир“ (Псалм 72:7).

  •   „Тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош... Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (Псалм 72:12, 14).

 Уште денес, учењата на Исус обединуваат милиони луѓе од 239 земји. Како христијани, Јеховините сведоци низ целиот свет научиле да бидат мирољубиви. За да дознаеш како, прочитај го изданието на Стражарска кула со наслов „Како да се прекине кругот на омразата“.