Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Pawel Gluza/500Px Plus/Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Дивиот свет за 50 години намален за 73 отсто — што вели Библијата?

Дивиот свет за 50 години намален за 73 отсто — што вели Библијата?

 На 9 октомври 2024 год., Светската фондација за заштита на природата објави загрижувачки извештај за тоа како активностите на човекот се одразуваат врз дивиот свет. Извештајот наведе дека „во текот на изминатите 50 години (1970-2020), популацијата на диви животни се намали за 73%“. Потоа следеше предупредувањето: „Не е преувеличување да се каже дека она што ќе се случува во следните пет години ќе ја одреди иднината на животот на Земјата“.

 Сосема е нормално што многу луѓе се шокирани од ваквите извештаи. Ние ја сакаме нашата прекрасна планета и тешко ни е кога гледаме дека дивиот свет страда. Тоа е така бидејќи Бог имал намера ние да се грижиме за животните (1. Мојсеева 1:27, 28; Изреки 12:10).

 Затоа, можеби се прашуваш: „Ќе успееме ли да го заштитиме дивиот свет на Земјата? Што вели Библијата?“

Надеж за иднината

 Колку и да се трудиме да ги подобриме работите, иднината на животинскиот свет не зависи од нас, туку од Бог. Според Откровение 11:18, Библијата прорекла дека Бог ќе ги уништи „оние што ја уништуваат земјата“. Од овој стих учиме две работи:

  1.  1. Бог ќе ги спречи луѓето потполно да ја уништат Земјата.

  2.  2. Бог наскоро ќе направи нешто. Од каде го знаеме тоа? Ризикот човекот да го уништи дивиот свет на Земјата денес е поголем од кога и да било порано.

 Што ќе направи Бог за да го реши овој проблем? Преку својата небесна влада, или Царство, тој ќе владее над целата Земја (Матеј 6:10). Таа влада ќе ги едуцира и обучи послушните луѓе да се грижат за животинскиот свет и да го штитат (Исаија 11:9).