Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Kim Steele/The Image Bank via Getty Images

ПОСЕБНА АКЦИЈА

Економски проблеми — што ќе направи Божјето Царство

Економски проблеми — што ќе направи Божјето Царство

 Многу луѓе низ целиот свет се мачат да врзат крај со крај, а состојбата сѐ повеќе се влошува.

  •   Според еден неодамнешен глобален извештај a на Меѓународната организација на трудот, „вистинската вредност на месечните плати драстично опаѓа“. Извештајот предупредува дека, ако ништо не се преземе, „ќе се зголеми разликата меѓу богатите и сиромашните“ и ќе опадне „животниот стандард на голем број работници и нивните семејства“.

 Дали владите ќе успеат да ја решат оваа тешка економска криза, или барем да ја ублажат?

 Во Библијата пишува дека има една влада која може да ги реши сите економски проблеми, вклучувајќи ја и нееднаквоста, и која ќе го стори тоа. Таа вели дека „небесниот Бог ќе подигне царство“, односно влада која ќе управува со целата планета (Даниел 2:44). Под власта на тоа Царство, никој нема да биде заборавен ниту препуштен сам на себе (Псалм 9:18). Сите што ќе живеат под власта на Божјето Царство ќе имаат сѐ што им е потребно за да бидат среќни. Секој ќе ужива во убавите плодови на својот труд (Исаија 65:21, 22).

a Глобален извештај за платите за периодот 2022-23.