Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Justin Paget/​Stone via Getty Images

Епидемија на осаменост — како да се бориш со неа?

Епидемија на осаменост — како да се бориш со неа?
  •   „Отприлика половина од возрасните жители на САД велат дека се осамени, а таа стапка е највисока меѓу младата популација“ (Our Epidemic of Loneliness and Isolation: The U.S. Surgeon General’s Advisory on the Healing Effects of Social Connection and Community, 2023).

  •   „[Светската здравствена организација] објави дека е формирана нова комисија која ќе се занимава со општествените односи и чија цел ќе биде да се концентрира на осаменоста како на итен здравствен проблем, да ги поттикнува луѓето да одржуваат личен контакт со други лица, како и да изнајде решенија за проблемот со осаменоста во сите земји, без разлика на нивната економска состојба (Светска здравствена организација, 15 ноември 2023).

 Библијата дава практични совети кои ќе ни помогнат да имаме здрави меѓучовечки односи.

Библиски начела кои може да ни помогнат

 Намали ги активностите кои те изолираат од другите. Во таквите активности спаѓа прекумерното користење на социјалните мрежи. Наместо тоа, барај прилики да се дружиш со луѓе и да стекнеш вистински пријатели.

  •   Библиско начело: „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

 Барај прилики да им помагаш на другите. Тоа што ќе им правиш добро на другите не само што ќе ти помогне да имаш подобри односи со нив туку и да се чувствуваш поубаво.

  •   Библиско начело: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).

 На нашата интернет-страница можеш да најдеш повеќе информации темелени на Библијата за тоа како да градиме цврсти пријателства.