Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Comstock Images/Stockbyte via Getty Images

ПОСЕБНА АКЦИЈА

Корумпирани политичари — што ќе направи Божјето Царство

Корумпирани политичари — што ќе направи Божјето Царство

 Луѓето сакаат политички водачи на кои ќе можат да им веруваат; преку глава им е од корумпирани политичари. Во една анкета која била спроведена во различни делови на светот и која била објавена во 2023 година, многумина рекле дека најмалку им веруваат на политичките водачи. a

 Библијата зборува за една влада чиј Водач е чесен и во кого може да имаме потполна доверба. Тој воопшто не е корумпиран. Таа влада е Божјето Царство, а нејзиниот Водач е Исус Христос (Исаија 9:7).

 Исус со своите постапки докажал дека искрено се грижи за луѓето (Матеј 9:35, 36). Како Цар на Божјето Царство, тој ќе обезбеди правда и мир за сите кои го прифаќаат неговото водство (Псалм 72:12-14).

a 2023 Edelman Trust Barometer Global Report.