Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

sinceLF/E+ via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Кој ќе ги заштити цивилите? Што вели Библијата?

Кој ќе ги заштити цивилите? Што вели Библијата?

 Според извештајот на Обединетите Нации:

  •   Од 7 до 23 октомври 2023 година, во израелско-палестинскиот конфликт во Газа се убиени повеќе од 6.400 лица и над 15.200 се повредени, од кои повеќето се цивили. Освен тоа, стотици илјади се раселени.

  •   До 24 септември 2023 година, во руско-украинската војна во Украина се убиени 9.701 цивил и 17.748 се повредени.

 Каква надеж дава Библијата за оние кои ги трпат последиците од војните?

Причина за надеж

 Библијата прорекува дека Бог ќе им стави крај на „војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9). Тој ќе ги замени сите човечки влади со една небесна влада, односно царство (Даниел 2:44). Божјето Царство ќе значи спас за човештвото.

 Што ќе направи Исус Христос, Царот на Божјето Царство? Библијата го вели следново:

  •   „Тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош, страдалникот и секој што нема помошник. Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот и ќе ги спаси душите на сиромасите. Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (Псалм 72:12-14).

 Преку Божјето Царство, Бог еднаш засекогаш ќе им стави крај на очајот и страдањата што ги носат војните и насилството.

  •   „Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:4).

 Наскоро Божјето Царство ќе се вмеша во работите на Земјата. Во Библијата се проречени војните што ги гледаме денес (Матеј 24:6). Овие и други настани се доказ дека живееме во „последните денови“ на човечкото владеење (2. Тимотеј 3:1).