Победи ја осаменоста со пријателства — како може да помогне Библијата
Борбата со осаменоста стана светски здравствен приоритет во 2023. Може ли да се добие таа битка?
„Осаменоста и изолацијата се сериозни закани за нашето здравје и среќа“ вели д-р Вивек Мурти, шеф на јавното здравство на САД. Но тој додава: „Ние имаме моќ да се справиме со тоа“. Како? „Така што секој ден ќе правиме мали чекори за да ги зајакнеме нашите пријателства.“ a
Осаменоста не е само резултат на изолација. Некои може да се чувствуваат осамено дури и кога се меѓу многу луѓе. Сеедно која е причината за нашата осаменост, Библијата може да ни помогне. Во неа има практични предлози кои можат да ни помогнат да се избориме со осаменоста така што ќе ги зајакнуваме нашите пријателства.
Библиски начела кои може да ни помогнат
Научи добро да комуницираш. Тоа не значи само да зборуваш за своите чувства туку и да знаеш добро да слушаш. Твоите пријателства ќе стануваат поцврсти ако покажуваш повеќе интерес за другите.
Библиско начело: „Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4).
Прошири го твојот круг на пријатели. Биди спремен да се спријателиш со луѓе кои се постари или помлади од тебе или кои припаѓаат на друга култура или националност.
Библиско начело: „Широко отворете ги своите срца“ (2. Коринќаните 6:13).
Нешто повеќе за тоа како да развиваш цврсти пријателства со другите прочитај во статијата „Како да ја задоволиме потребата од пријатели“.
a Our Epidemic of Loneliness and Isolation: The U.S. Surgeon General’s Advisory on the Healing Effects of Social Connection and Community, 2023.