Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Photo by Zhai Yujia/China News Service/VCG via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Разорни поплави — што вели Библијата?

Разорни поплави — што вели Библијата?

 Низ целиот свет, голем број луѓе се погодени од разорни поплави. Еве некои извештаи:

  •   „Во последниве неколку денови, во главниот град на Кина се забележани рекордни врнежи од дожд во изминативе 140 години... помеѓу саботата и средата паднаа 744,8 милиметри дожд“ (AP News, 2 август 2023).

  •   „Тајфунот Канун веќе втор ден го пустоши јужниот дел од Јапонија со обилни дождови и силни ветришта, при што загинаа најмалку две лица... Се очекува во планинските предели на централен Тајван да паднат и до 0,6 метри дожд“ (Deutsche Welle, 3 август 2023).

  •   „Поплавите што се случија викендов [во Нова Шкотска] беа предизвикани од најобилните поројни дождови што го погодиле атлантскиот брег на Канада во последниве 50 години“ (BBC News, 24 јули 2023).

 Што вели Библијата во врска со ваквите настани?

Знак за „последните денови“

 Времето во кое живееме, Библијата го нарекува „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1). Исус прорекол дека во нашево време ќе гледаме разни „стравотии“, односно застрашувачки настани (Лука 21:11). Климатските промени се причина за страшните временски непогоди кои се сѐ понепредвидливи, сѐ почести и со сѐ поголема разорност.

Причина за оптимизам

 Библијата кажува дека сѐ поголемиот број стравотии што се случуваат денес, всушност, ни даваат причина за оптимизам. Зошто? Исус рекол: „Кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Божјето царство е близу!“ (Лука 21:31; Матеј 24:3).

 Настаните што ги гледаме околу нас се јасен показател дека наскоро Божјето Царство ќе ги стави под целосна контрола природните елементи, вклучувајќи го и водниот циклус (Јов 36:27, 28; Псалм 107:29).

 За да дознаеш нешто повеќе за тоа како Божјето Царство ќе ја обнови Земјата, види ја статијата „Дали човекот ќе ја уништи Земјата?