Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Помош за жртвите на семејно насилство

Помош за жртвите на семејно насилство

 „Насилството врз жените е глобален проблем од епидемиски размери, за кој итно треба да се преземе нешто“, вели Светската здравствена организација. Оваа организација проценува дека речиси 30 отсто „од сите жени кои биле во брак или во врска доживеале физичко и/или сексуално насилство“ од нивниот партнер. А во еден извештај од ОН се проценува дека во текот на една година, секој ден, по 137 жени биле убиени од страна на нивниот партнер или друг член на семејството. a

 Статистичките податоци можеби откриваат колку е голем овој проблем, но ни одблизу не можат да ја опишат емоционалната и физичката болка што секоја жртва ја трпи.

 Дали си жртва на семејно насилство? Или, дали познаваш некој што е? Во тој случај, разгледај ги следниве мисли од Библијата што можат да помогнат.

  Ти не си крива

  Можеш да добиеш помош

  Не си сама

  На семејното насилство ќе му дојде крај

  Како можеш да помогнеш на некоја жртва на семејно насилство

 Ти не си крива

 Што вели Библијата: „Секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог“ (Римјаните 14:12).

 Запамти: Оној што те малтретира е одговорен за своите постапки.

 Ако твојот партнер те обвинува тебе за неговите насилни постапки, не е во право. Жените заслужуваат да бидат сакани, а не малтретирани (Колошаните 3:19).

 Некои од оние кои ги малтретираат своите партнери можеби имаат психички проблеми, можеби пораснале во семејство каде што имало насилство или можеби се алкохоличари. Што и да е причината, оној што те малтретира е одговорен пред Бог за начинот на кој постапува со тебе. И должен е да направи сѐ што треба за да се промени.

 Можеш да добиеш помош

 Што вели Библијата: „Успехот лежи во мноштвото советници“ (Изреки 15:22).

 Запамти: Ако се чувствуваш небезбедно или не знаеш што да правиш, други можат да ти помогнат.

 Зошто ти е потребна помош од другите? Семејното насилство е комплексен проблем. Можеби ќе ти биде тешко да одлучиш што е најдобро да направиш додека размислуваш за следниве фактори:

  •   Твојата лична безбедност

  •   Доброто на твоите деца

  •   Финансиската ситуација

  •   Љубовта кон твојот партнер

  •   Желбата да ја спасиш врската ако твојот партнер се промени

 Нормално е ако се чувствуваш збунета и ситуацијата ти изгледа прекомплицирана. На кого можеш да се обратиш за помош?

 Некој пријател или член на семејството во кого имаш доверба можеби ќе може да ти пружи практична помош и емоционална поддршка. Тоа што ќе зборуваш со некој што се грижи за тебе, може многу да ти помогне.

 СОС линиите за жртви на семејно насилство може да ти помогнат во секое време. Оние што работат на тие линии можат да ти предложат како да се заштитиш. Ако твојот партнер го признае својот проблем и искрено сака да се промени, СОС линиите можат да му помогнат да ги направи првите чекори потребни за тоа.

 Други итни служби можат да ти помогнат ако се најдеш во опасна ситуација. Во овие служби се вклучени доктори, медицински сестри и други стручни лица.

 Не си сама

 Што вели Библијата: „Јехова b е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18).

 Запамти: Бог ветува дека ќе ти помогне.

 Јехова вистински се грижи за тебе (1. Петрово 5:7). Тој ги разбира твоите најдлабоки мисли и чувства. Може да те утеши преку неговата Реч, Библијата. И, сака да му се молиш. Кога се молиш, можеш да бараш од него да ти даде мудрост и сила да се справиш со ситуацијата во која се наоѓаш (Исаија 41:10).

 На семејното насилство ќе му дојде крај

 Што вели Библијата: „Секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши“ (Михеј 4:4).

 Запамти: Библијата ветува дека во блиска иднина ќе дојде време кога сечиј дом ќе биде оаза на мирот.

 Јехова Бог го има единственото потполно и трајно решение за сите наши проблеми. Библијата ветува: „Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:4). Во тоа време, сите болни сеќавања ќе исчезнат и ќе бидат заменети со убави моменти (Исаија 65:17). Таква убава иднина Библијата ти ветува и тебе.

a Во оваа статија за жртвата се користи женски род, но многу од мислите можат да се применат и на мажите кои се жртва на семејно насилство.

b Јехова е името на Бог, како што дознаваме од Библијата.