Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Шест милиони починати од КОВИД — Што вели Библијата?

Шест милиони починати од КОВИД — Што вели Библијата?

 Според Светската здравствена организација (СЗО), до 23 мај 2022 год., 6,27 милиони луѓе починале како последица од КОВИД-19. Но, според едно известување до медиумите од 5 мај 2022 год., СЗО проценува дека бројот на смртни случаи е многу поголем. Во него стоеше дека во текот на 2020 и 2021 год., „вкупниот број на смртни случаи директно или индиректно поврзани со пандемијата на КОВИД-19... изнесува околу 14,9 милиони“. Дали во Библијата се зборува за вакви тешки трагедии?

Во Библијата се проречени смртоносни пандемии

  •    Исус прорекол дека ќе има заразни болести, односно епидемии од „смртоносни зарази“, и дека тоа ќе се случува во периодот наречен „последните денови“ (Лука 21:11; 2. Тимотеј 3:1).

 Ова пророштво на Исус се исполнува денес. За да дознаеш повеќе, прочитај ја статијата „Од каде знаеме дека живееме во ’последните денови‘?

Библијата дава утеха

 Мнозина на кои им починал некој близок нашле утеха во зборовите од Библијата. Дознај нешто повеќе од статиите „Како да ја поднесеш тагата — што можеш да направиш“ и „Најдобрата помош за ужалените“.

Библијата открива кое е трајното решение

  •    „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10).

 Наскоро „Божјето царство“ ќе завладее со Земјата и тогаш „никој од жителите нема да рече: ’Болен сум‘“ (Марко 1:14, 15; Исаија 33:24). За да дознаеш нешто повеќе за оваа небесна влада и што ќе направи таа, гледај го видеоклипот Што е Божјето Царство?

 Зошто не дознаеш нешто повеќе за Библијата? Така ти и твоето семејство ќе можете да извлечете корист од нејзините мудри совети и прекрасни ветувања.