Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Јеховините сведоци и Холокаустот — што вели Библијата?

Јеховините сведоци и Холокаустот — што вели Библијата?

 На 27 јануари 2023 год., многу луѓе ќе го одбележат Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. Поради суровите и ужасни работи кои се случиле пред повеќе од 75 години, можеби се прашуваш зошто Бог го дозволил Холокаустот.

 Евреите доживеале неописливи страдања поради Холокаустот. Милиони биле систематски убивани. За време на Холокаустот, биле прогонувани и убиени и членови на други групи. Меѓу нив биле и Јеховините сведоци кои биле прогонувани поради нивните верувања кои се темелат на Библијата.

„Иднина и надеж“

 Многу луѓе се плашат дека таков настан како Холокаустот може повторно да се случи. Но, Библијата ни ветува дека во иднина такви трагедии повеќе нема се случуваат.

  •   „’Зашто, јас добро знам какви се моите намери со вас,‘ вели Јехова, ’намери за мир, а не за неволја, за да ви дадам иднина и надеж‘“ (Еремија 29:11). a

 Оваа надеж ќе се оствари кога Јехова Бог ќе го отстрани злото и ќе ја поправи сета штета што тоа ја предизвикало. Тој наскоро:

  •   Ќе ги уништи оние што се злобни и им наштетуваат на другите (Изреки 2:22).

  •   Ќе им ги излечи раните на сите што страдаат (Откровение 21:4).

  •   Ќе ги воскресне за живот на Земјата оние кои починале (Јован 5:28, 29).

 Можеш да имаш доверба во оваа утешна надеж од Библијата. За да дознаеш зошто, би можел да го започнеш нашиот бесплатен библиски курс со некој Јеховин сведок.

a Јехова е личното име на Бог (Псалм 83:18).