БИДЕТЕ БУДНИ!
Христијаните и војните — Што вели Библијата?
Како што може да се види во војната во Украина, голем број христијански верски водачи ги поттикнуваат луѓето да заземат страна. Забележи како некои свештеници ја поддржуваат едната страна, а други ја поддржуваат другата страна од конфликтот:
„Голема почит и благодарност до сите борци кои ја бранат својата родна Украина од непријателот... Нашите срца и сесрдни молитви се секогаш со вас. Вие ја имате нашата целосна поддршка“ (Изјава на Киевскиот митрополит Епифаниј за The Jerusalem Post, 16 март 2022).
„Додека Москва продолжува со својата воена инвазија во Украина, поглаварот на Руската православна црква одржа богослужба за руските војници во која ги поттикна да ја бранат својата земја ‘онака како што само Русите можат‘“ (Reuters, 3 април 2022).
Дали христијаните треба да учествуваат во војна? Што вели Библијата?
Што навистина вели Библијата
Од Библијата дознаваме дека оние што вистински го следат Исус Христос не учествуваат во војна.
„Врати го својот меч на неговото место, зашто сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат“ (Матеј 26:52).
Дали може да се каже дека некој што ја одобрува војната или учествува во војна е послушен на зборовите на Исус?
„Нова заповед ви давам: сакајте се еден со друг! Како што јас ве сакав, така и вие сакајте се еден со друг. По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:34, 35).
Дали некој што зазема страна во војна ја покажува љубовта по која Исус рекол дека ќе се препознаваат неговите ученици, односно следбеници?
Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе, прочитај ја статијата „Дали христијаните треба да војуваат?“
Христијаните и денешните војни
Дали навистина е можно христијаните да не учествуваат во денешните војни? Да. Библијата прорекла дека во наше време, периодот кој е наречен „последните денови“, ќе има луѓе од сите народи кои „повеќе нема да учат да војуваат“. Тоа е во склад со она за кое поучувал Исус (Исаија 2:2, 4).
Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе, прочитај го списанието Стражарска кула со тема „Како гледа Бог на војните?“
Наскоро Јехова, a „Богот на мирот“, ќе ја употреби својата небесна влада за да ги спаси луѓето „од угнетување и од насилство“ (Филипјаните 4:9; Псалм 72:14).
За да дознаеш како ќе се случи тоа, гледај го видеоклипот Што е Божјето Царство?
a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).