Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Инфлацијата во светот вртоглаво расте — Што вели Библијата?

Инфлацијата во светот вртоглаво расте — Што вели Библијата?

 „Светската економија е повторно во опасност“, предупреди претседателот на Светската банка во еден извештај од јуни 2022 год. „Овојпат, во исто време се соочуваме со сѐ повисока инфлација и сѐ помали приходи.“

 Од Меѓународниот монетарен фонд велат: „Цените на горивата и храната брзо растат, од што најпогодено е населението во земјите со ниски примања“.

 Библијата ни помага да сфатиме зошто има вакви тешки економски проблеми, како можеме да излеземе на крај со нив и дали може да се надеваме на трајно решение.

Сѐ повисоки цени во „последните денови“

  •   Во Библијата, времето во кое живееме е наречено „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1).

  •   Исус рекол дека овој период ќе биде обележан со „стравотии“, односно застрашувачки настани (Лука 21:11). Сѐ повисоката инфлација претставува една таква стравотија. Луѓето се уплашени бидејќи се загрижени за иднината и за тоа дали ќе можат да го обезбедат основното за своето семејство.

  •   Во книгата Откровение е проречено дека во „последните денови“ храната ќе биде сѐ поскапа. „Потоа чув глас што... го кажуваше следното: ’Килограм пченица ќе ве чини една дневница, три килограми јачмен ќе ве чинат една дневница‘“ (Откровение 6:5, 6, Радосна Вест).

 За да дознаеш повеќе за „последните денови“ и за пророштвото од Откровение, гледај го видеоклипот Од 1914 светот повеќе не е ист и прочитај ја статијата „Што претставуваат четирите јавачи?

Решение за сите економски проблеми

  •   „Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род“ (Исаија 65:21, 22).

  •   „На земјата житото богато ќе роди, по планинските врвови ќе го има во изобилство“ (Псалм 72:16).

  •   „’Злите ги ограбуваат страдалниците, воздивнуваат сиромасите — затоа сега ќе станам‘, вели Јехова“ (Псалм 12:5). a

 Наскоро Бог ќе им стави крај на сите економски проблеми и неправди, не само во една земја туку во целиот свет. За да дознаеш како ќе го направи тоа, прочитај ја статијата „Дали некогаш сиромаштијата ќе биде искоренета?

 Но, Библијата може уште сега да ни помогне да излеземе на крај и покрај сѐ повисоките цени. Како? Во неа има практични совети за тоа како мудро да ги трошиме парите (Изреки 23:4, 5; Проповедник 7:12). Нешто повеќе можеш да дознаеш од статиите „Може ли Библијата да ти помогне ако имаш долгови и финансиски проблеми?“ и „Како да раководиш со парите“.

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).