Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како полесно да ја поднесеш изолацијата

Како полесно да ја поднесеш изолацијата

 Дали се чувствуваш изолирано и осамено? Можеби се бориш со слични чувства како еден псалмист кој рекол: „Станав како самотна птица на покрив“ (Псалм 102:7). Мудрите совети од Библијата можат да ти помогнат полесно да се справиш со проблемите кои може да ги предизвика изолацијата.

 Обрни внимание на своите духовни потреби

 Дури и додека си во изолација, можеш да бидеш среќен ако си свесен за своите духовни потреби и ако се трудиш да ги задоволиш (Матеј 5:3, 6). Следниве бесплатни содржини можат да ти помогнат во тоа.

 Читај утешни стихови од Библијата

 Многу луѓе нашле утеха во библиските стихови кои се наведени подолу. Додека си во изолација, искористи ја приликата да прочиташ некои стихови од Библијата, да размислуваш за нив и да му се молиш на Бог (Марко 1:35).

 Потруди се да дознаеш зошто состојбата во светот е толку лоша

 Не си го зголемувај стресот

 Некои статии кои зборуваат за следниве теми можат да ти помогнат да се справиш со стресот предизвикан од изолацијата и да не бидеш претерано загрижен за иднината (Матеј 6:25).

 Остани во контакт со пријателите и стекни нови пријателства

 Пријателствата ни помагаат да останеме здрави во психички и емоционален поглед. Тие се особено важни кога сме физички одвоени од оние што ги сакаме. Ако си во изолација или, пак, од други причини не можеш да излезеш од дома, можеш да се поврзеш со другите преку видеоконференциска линија или да се слушаш со нив по телефон. Така ќе можеш да ги задржиш пријателите што ги имаш и да стекнеш нови пријателства. Следниве статии можат да ти помогнат да си најдеш вистински пријатели, а и самиот да бидеш таков пријател (Изреки 17:17).

 Биди физички активен

 Физичката активност е корисна. Може да влијае добро врз нашето психичко здравје, особено ако сме во изолација. Дури и ако не можеш да излегуваш од дома, можеш да правиш нешто за да бидеш физички активен.