БИДЕТЕ БУДНИ!
Можат ли владите со заедничка соработка да спречат климатска катастрофа? Што вели Библијата?
Во недела, на 20 ноември 2022 год., заврши конференцијата на Обединетите нации за климатски промени „COP27“. Иако беше постигнат значаен договор да им се обезбеди финансиска помош на загрозените земји за да можат да се справат со последиците од климатските промени, многумина сметаат дека тоа нема да го реши проблемот.
„Ја поздравувам одлуката за основање на фонд за надомест на загуби и штети“, изјави Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, на 19 ноември 2022 год. „Сепак, знаеме дека тоа не е доволно... Нашата планета сѐ уште е на интензивна нега.“
„Светот и понатаму е на работ на климатска катастрофа“ (Мери Робинсон, поранешна претседателка на Ирска и поранешен висок комесар за човекови права на ОН, 20 ноември 2022 год.).
Младите се особено загрижени за иднината на нашата планета. Можат ли владите со заедничка соработка да го исполнат своето ветување за решавање на проблемот со климатските промени? Што вели Библијата?
Дали владите ќе се обединат и ќе го решат проблемот?
Од Библијата дознаваме дека, иако владите донекаде можат да ги ублажат последиците од климатските промени, тие не можат во потполност да го решат проблемот. Да разгледаме две причини за тоа:
„Она што е искривено, не може да се исправи“ (Проповедник 1:15).
Што значи ова: Владите имаат ограничена моќ, бидејќи луѓето не се создадени да владеат едни над други (Еремија 10:23). Дури и ако владите се обединат, колку и да се трудат, тие не ќе можат да ги решат проблемите во светот.
„Луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари... неспремни за каков и да било договор“ (2. Тимотеј 3:2, 3).
Што значи ова: Библијата точно прорекла дека многу луѓе во нашево време ќе бидат себични и неспремни да соработуваат со цел да има подобар живот за сите.
Причина за надеж
Иднината на нашата планета не зависи од ветувањата на човечките влади. Бог избрал еден способен Владетел, Исус Христос, кој ќе владее со целата Земја. За него Библијата вели:
„[Тој] ќе има кнежевска власт. Името ќе му биде Прекрасен Советник, Моќен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот“ (Исаија 9:6).
Исус е Царот на Божјето Царство, кое е небесна влада (Матеј 6:10). Тој има сѐ што е потребно — моќ, мудрост и желба — да се грижи за нашата планета и за сите што живеат на неа (Псалм 72:12, 16). Под негова власт, небесната влада ќе ги отстрани „оние што ја уништуваат земјата“ и ќе ја поправи сета штета која ѝ била нанесена (Откровение 11:18; Исаија 35:1, 7).
За да дознаеш нешто повеќе во врска со најдоброто решение за катастрофалните последици од климатските промени, прочитај ја статијата со наслов „Во чии раце е иднината на Земјата?“