Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Поради војната во Украина на светот му се заканува глад

Поради војната во Украина на светот му се заканува глад

 На 19 мај 2022 год., во Советот за безбедност на Обединетите Нации, 75 високи претставници изјавија дека „во светот веќе имаше криза со храна која уште повеќе се влоши со пандемијата на КОВИД-19 и климатските промени, но сега, поради војната во Украина, овој проблем се заканува во некои делови од светот да прерасне во глад“. Кратко потоа, во весникот The Economist пишуваше дека „војната го води овој кревок свет кон масовен глад“. Библијата прорекла дека во наше време ќе има недостиг на храна, но во исто време и ни помага да се справиме со овој проблем.

Библијата прорекла недостиг на храна

  •    Исус прорекол: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад“ (Матеј 24:7).

  •    Во библиската книга Откровение се опишани четири симболични јавачи. Едниот од нив ги претставува војните. По него следи друг јавач кој го претставува гладот, односно укажува на време кога не ќе може лесно да се дојде до храна и кога таа ќе се продава по многу висока цена. „Наеднаш пред мене се појави еден црн коњ. Коњаникот што јаваше на црниот коњ во раката држеше терезија. Потоа чув глас што... го кажуваше следното: ’Килограм пченица ќе ве чини една дневница, три килограми јачмен ќе ве чинат една дневница‘“ (Откровение 6:5, 6Радосна Вест).

 Овие библиски пророштва за недостиг на храна се исполнуваат сега, во времето кое во Библијата е наречено „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1). За да дознаеш повеќе за „последните денови“ и за четирите јавачи од Откровение, гледај го видеоклипот Од 1914 светот повеќе не е ист и прочитај ја статијата „Што претставуваат четирите јавачи?

Како ни помага Библијата

  •    Во Библијата има практични совети кои може да ни помогнат да се снајдеме во тешки ситуации, на пример, кога цените на храната растат или дури и кога има недостиг на храна. Некои такви совети можеш да најдеш во статијата „Како да раководиш со парите“.

  •    Исто така, Библијата ни дава надеж дека работите ќе се подобрат. Во неа е ветено дека ќе дојде време кога „на земјата житото богато ќе роди“ и кога за секого ќе има доволно храна (Псалм 72:16). Нешто повеќе во врска со тоа каква надеж ни дава Библијата за иднината и зошто можеш да бидеш сигурен дека ќе биде така можеш да најдеш во статијата „Патот до среќата — надеж“.