БИДЕТЕ БУДНИ!
Кого ќе го избереш за водач? Што вели Библијата?
Луѓето си бираат водачи. Тоа е многу важна одлука.
Што вели Библијата?
Луѓето кои владеат се ограничени
Библијата опишува во кој поглед се ограничени сите луѓе кои се на власт.
„Немајте доверба во достоинствениците, ниту во некој друг земен човек, од кого нема спасение! Животната сила му излегува, и тој се враќа во својот прав — во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:3, 4, фуснота).
Дури и најспособните водачи кога-тогаш ќе умрат. Освен тоа, нема гаранција дека оние што ќе ја преземат власта по нив ќе успеат да ги задржат добрите резултати што дотогаш биле постигнати (Проповедник 2:18, 19).
Од Библијата дознаваме дека Бог никогаш немал намера луѓето да владеат едни над други.
„Патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23).
Тогаш, дали постои некој кој може да ни го пружи водството кое ни е потребно денес?
Водач кој е поставен од Бог
Библијата објаснува дека Бог поставил еден водач кој е многу способен и во кого може да имаме целосна доверба — Исус Христос (Псалм 2:6). Исус е Цар на Божјето Царство — влада која постои на небото (Матеј 6:10).
Дали ќе го прифатиш Исус како водач? Библијата објаснува колку е важно да донесеме таква одлука:
„Поздравете го синот [Исус Христос] за Бог да не се разгневи и пропаста да не ве тргне од патот, зашто Божјата лутина лесно пламнува. Среќни се сите на кои Бог им е засолниште“ (Псалм 2:12).
Сега е време да заземеме страна. Библиските пророштва покажуваат дека Исус почнал да владее во 1914 год. и дека наскоро Божјето Царство ќе ги замени сите човечки влади (Даниел 2:44).
За да дознаеш како можеш да покажеш дека го поддржуваш Исус како водач, прочитај ја статијата „Поддржувај го Божјето Царство уште сега!“