Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

E+/taseffski/via Getty Images (Stock photo. Posed by model.)

БИДЕТЕ БУДНИ!

Проблемите со менталното здравје кај тинејџерите во голем пораст — што вели Библијата?

Проблемите со менталното здравје кај тинејџерите во голем пораст — што вели Библијата?

 Во понеделник, 13 февруари 2023 год., Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави извештај за менталното здравје на тинејџерите во САД. Во него стои дека повеќе од 40 отсто од средношколците се чувствувале тажно и безнадежно подолги временски периоди.

 Директорката на Одделот за адолесцентно и училишно здравје на ЦДЦ, д-р Кетлин Етиер, изјави: „Иако во последниве 10 години е забележано влошување на менталното здравје кај младите, сепак менталното здравје на тинејџерките во моментов е полошо од кога и да било порано. Сѐ повеќе тинејџерки размислуваат, планираат или се обидуваат да извршат самоубиство“.

 Во извештајот пишува дека:

  •   Повеќе од 1 од 10 тинејџерки (14 отсто) биле присилени да имаат сексуални односи кога не сакале. Д-р Етиер вели: „Ова е навистина загрижувачки. Од секои 10 тинејџерки што ги познаваш, најмалку една, а можеби и повеќе, била силувана“.

  •   Речиси 1 од 3 тинејџерки (30 отсто) сериозно размислувала да изврши самоубиство.

  •   Речиси 3 од 5 тинејџерки (57 отсто) постојано се чувствувале тажно или безнадежно.

 Овие статистички податоци навистина се жалосни. Младоста треба да биде период исполнет со радост и среќа. Што може да им помогне на тинејџерите да се справат со стресот со кој се соочуваат денес? Што вели Библијата?

Библијата нуди практични совети за тинејџерите

 Во Библијата многу реално е опишано стресното време во кое живееме. Таа го нарекува овој период „особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1-5). Сепак, во Библијата има совети кои важат за секое време и кои им помагаат на милиони тинејџери низ целиот свет успешно да се справат со предизвиците со кои се соочуваат. Разгледај ги следниве статии кои се темелат на Библијата.

 Помош за тинејџерите кои се борат со самоубиствени мисли

 Помош за тинејџерите кои се борат со депресија, тага или негативни чувства

 Помош за тинејџерите кои доживуваат малтретирање или сајбер малтретирање

 Помош за тинејџерите кои се соочуваат со сексуално вознемирување и насилство

Библијата нуди практични совети за родителите

 Во Библијата има и практични совети за тоа како родителите може да им помогнат на тинејџерите да се справат со предизвиците во животот. Разгледај ги следниве статии кои се темелат на Библијата.