Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Вооружени напади во светот — Што вели Библијата?

Вооружени напади во светот — Што вели Библијата?

 Во текот на јули 2022 год., се случија неколку вооружени напади во разни места низ светот:

  •   „Убиството на познатиот јапонски политичар [поранешниот премиер Шинзо Абе] ја потресе земјата и предизвика чудење во светот, особено ако се земе предвид дека во Јапонија има ниска стапка на насилство и строги закони за употребата на оружје“ (The Japan Times, 10 јули 2022).

  •   „Данска е во шок откако еден маж застрелал три лица во трговски центар во Копенхаген“ (Reuters, 4 јули 2022).

  •   „Јужна Африка: 15 лица починати откако биле застрелани во еден бар во предградието Совето“ (The Guardian, 10 јули 2022).

  •   „Повеќе од 220 лица застрелани и убиени во вооружен напад во САД за време на празнувањето на Денот на независноста 4 јули“ (CBS News, 5 јули 2022).

 Дали некогаш ќе дојде крај на ваквото насилство? Што вели Библијата?

Крај на насилството

 Во Библијата, времето во кое живееме е наречено „последните денови“. Исто така, таа прорекла дека луѓето ќе бидат злобни, сурови и насилни (2. Тимотеј 3:1, 3). Поради ова, луѓето живеат во страв (Лука 21:11). Но, Библијата ветува дека ќе му дојде крај на насилството и дека неговиот „народ ќе живее во мирни престојувалишта, во безбедни живеалишта, во почивалишта каде што никој нема да ги вознемирува“ (Исаија 32:18). Како ќе му дојде крај на насилството?

 Бог ќе ги отстрани злите луѓе од Земјата и ќе го уништи оружјето.

  •   „А злите ќе бидат истребени од земјата“ (Изреки 2:22).

  •   „[Бог] ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата“ (Псалм 46:9).

 Бог ќе ја отстрани вистинската причина за насилството со тоа што ги поучува луѓето да живеат во мир.

  •   „Повеќе нема да се прави зло и нема да се пустоши на целата моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“ (Исаија 11:9).

  •   Уште денес, Бог поучува луѓе од целиот свет да „ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови“, односно да бидат мирољубиви и да не користат оружје (Михеј 4:3).

 За да дознаеш нешто повеќе за библиското ветување за еден свет во кој ќе нема страв, прочитај ја статијата „Крај на стравот — дали е можно?

 За да дознаеш како ќе му дојде крај на насилството еднаш засекогаш, прочитај ја статијата „Конечно мир на земјата!