Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ismail Sen/Anadolu Agency via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Разорни земјотреси ги погодија Турција и Сирија — што вели Библијата?

Разорни земјотреси ги погодија Турција и Сирија — што вели Библијата?

 Во понеделник, 6 февруари 2023 год., Турција и Сирија беа погодени од разорни земјотреси.

  •   „Голем дел од Турција и северозападна Сирија во понеделник беа погодени од силен земјотрес во кој загинаа повеќе од 3.700 луѓе. Ниските температури уште повеќе ја влошија ситуацијата за илјадниците луѓе кои се повредени или останаа без своите домови. Освен тоа, зимските услови ја отежнуваат потрагата по преживеани од земјотресот“ (Reuters, 6 февруари 2023).

 Чувствуваме огромна болка кога читаме за вакви трагични настани. Во вакви тешки моменти, можеме да добиеме помош од Јехова, кој е „Богот на секоја утеха“ (2. Коринќаните 1:3). Тој ни ја дава потребната утеха преку Библијата за „да имаме надеж“ (Римјаните 15:4).

 Од Библијата дознаваме:

  •   што било проречено во врска со земјотресите

  •   каде можеме да најдеме утеха и надеж

  •   како Бог ќе им стави крај на сите страдања

 За да дознаеш што вели Библијата на овие теми, прочитај ги статиите:

a Јехова е личното име на Бог (Псалм 83:18).