Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Зошто политиката ги разединува луѓето? Што вели Библијата?

Зошто политиката ги разединува луѓето? Што вели Библијата?

 Политиката ги разединува луѓето низ целиот свет. Според една анкета спроведена во 2022 год., „65% од возрасните од 19 анкетирани земји рекле дека во нивната земја има големи или многу големи несогласувања меѓу луѓето кои поддржуваат различни политички партии“ (Pew Research Center).

 Дали и ти забележуваш сѐ поголеми политички поделби во земјата во која живееш? Зошто е тоа така? Има ли решение? Дознај што вели Библијата за тоа.

Ставови кои разединуваат

 Библијата прорекла дека во нашево време, опишано како „последните денови“, многу луѓе ќе имаат ставови поради кои ќе биде невозможно да се постигне единство.

  •   „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви... неспремни за каков и да било договор“ (2. Тимотеј 3:1-3).

 И покрај тоа што многу луѓе вложуваат големи напори, владите сепак не успеваат добро да функционираат. На луѓето кои имаат спротивни гледишта им е тешко, па дури и невозможно, заемно да соработуваат за да ги решат проблемите. Исходот од ова е само потврда на она што било запишано во Библијата уште многу одамна.

 Меѓутоа, Библијата открива дека има решение — влада предводена од некој што може да ги отстрани проблемите кои го измачуваат човештвото денес.

Способен и грижлив водач

 Библијата зборува за еден совршен водач кој може да ги реши овие проблеми — Исус Христос. Тој има моќ, власт и желба да го обедини човештвото и да воспостави мир.

  •   „Во неговите дни ќе процвета праведникот и ќе има голем мир“ (Псалм 72:7).

  •   „Сите народи ќе му служат“ (Псалм 72:11).

 Исус е идеален водач бидејќи се грижи за луѓето и сака да им помага, особено на оние кои доживувале неправди од другите.

  •   „Тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош, страдалникот и секој што нема помошник. Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот и ќе ги спаси душите на сиромасите. Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (Псалм 72:12-14).

 Те поттикнуваме да дознаеш нешто повеќе за Божјето Царство — небесна влада предводена од Исус. Исто така, дознај како можеш да ја поддржуваш оваа влада и како тоа лично ќе ти користи.