Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што се случи со почитта кон другите?

Што се случи со почитта кон другите?

ЗОШТО Е ВАЖНА ПОЧИТТА КОН ДРУГИТЕ

Почитта кон другите ја смирува напнатоста и спречува една лоша ситуација уште повеќе да се влоши.

  • Една библиска изрека вели: „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“ (Изреки 15:1). Зборовите и постапките без почит само додаваат масло на огнот, честопати со катастрофални последици.

  • Исус рекол: „Устата го зборува она со кое е полно срцето“ (Матеј 12:34). Кога зборуваме без почит, тоа може да укажува на подлабок проблем — дека, всушност, имаме негативен став кон луѓето од друга раса, националност или поинаква положба во општеството.

    Во една неодамнешна анкета, спроведена кај повеќе од 32.000 испитаници во 28 земји, 65 отсто рекле дека никогаш порано не виделе толкав недостаток на учтивост и заемна почит.

ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ

Покажувај почит кон сите луѓе — дури и ако не се согласуваш со нивните гледишта. Размисли за кои работи можеш да се согласиш. Тоа ќе ти помогне да не ги критикуваш и да не ги осудуваш другите.

„Не судете, за да не бидете судени“ (Матеј 7:1).

Однесувај се со другите како што сакаш тие да се однесуваат со тебе. Ако си обѕирен и фер кон другите, поверојатно е дека и тие ќе постапуваат со тебе на ист начин.

„Како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие ним“ (Лука 6:31).

Простувај. Тоа што нема да им припишуваш лоши мотиви на другите ќе ти помогне да преминуваш преку нивните нељубезни зборови или постапки.

„Разбирањето го спречува човекот да се гневи, и чест му е да премине преку престапот“ (Изреки 19:11).

ШТО ПРАВИМЕ НИЕ

Во местата каде што живеат и работат, Јеховините сведоци се трудат да покажуваат почит кон другите и ги поттикнуваат луѓето да го прават истото.

Нудиме бесплатни библиски поуки на сите луѓе, но не ги наметнуваме нашите верувања или мислења на другите. Наместо тоа, се трудиме да го примениме библискиот совет да ја споделуваме нашата порака „благо и со длабока почит“ (1. Петрово 3:15; 2. Тимотеј 2:24).

Не ги дискриминираме другите и на нашите собраниски состаноци им изразуваме срдечно добредојде на луѓе од најразлично потекло кои сакаат да дознаат повеќе за Библијата. Се трудиме да бидеме толерантни и да покажуваме почит кон секого (1. Петрово 2:17).

Го почитуваме авторитетот на властите во местата каде што живееме (Римјаните 13:1). Послушни сме на законите и плаќаме даноци. И иако сме политички неутрални, го почитуваме правото на другите да носат свои одлуки во однос на политичките прашања.