Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто е важно да го знаеш одговорот

Зошто е важно да го знаеш одговорот

Зошто е важно да знаеш дали постои Творец? Ако на темел на докази си се уверил дека постои Семоќен Бог, тогаш можеби ќе сакаш да ги испиташ и доказите во врска со тоа дали Библијата е книга од него. И, ако стекнеш доверба во она што го кажува Библијата, тогаш тоа ќе ти користи на следниве начини.

Ќе имаш поголема смисла во животот

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „[Бог] правеше добро, ви даваше дожд од небото и плодоносни времиња и ги полнеше вашите срца со храна и веселост“ (Дела 14:17).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Сето она што го гледаме во природниот свет што нѐ опкружува е дар од нашиот Творец. Ќе бидеш уште поблагодарен за овие дарови кога ќе дознаеш колку многу се грижи за тебе оној што ти ги дал.

Ќе најдеш добри совети за секојдневниот живот

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Ќе разбереш што значи праведност и исправно просудување и справедливост, сето она што е на патот на добротата“ (Изреки 2:9).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Како твој Творец, Бог знае што ти е потребно за да бидеш среќен. Ако ја истражуваш Библијата, ќе можеш да извлечеш поуки кои ќе ти користат во животот.

Ќе најдеш одговор на твоите прашања

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Ќе го пронајдеш знаењето за Бог“ (Изреки 2:5).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Тоа што ќе откриеш дека постои Творец може да ти помогне да најдеш одговор на важни прашања, како што се: Која е смислата на животот? Зошто има толку многу страдања? Што се случува по смртта? Во Библијата може да најдеш логични одговори.

Ќе добиеш надеж за иднината

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „’Јас добро знам какви се моите намери со вас,‘ вели Јехова, ’намери за мир, а не за неволја, за да ви дадам иднина и надеж‘“ (Еремија 29:11).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Бог ветува дека во иднина ќе ги отстрани злото, страдањата, па дури и смртта. Ако имаш доверба во Божјите ветувања, твојата надеж за една таква иднина ќе ти помогне храбро да се соочиш со секојдневните проблеми.