Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Искуство

Искуство

Сочувство кон сите луѓе

Еден ден, една сестра во Нов Зеланд гледала еден видеоклип на jw.org во кој се зборува за тоа дека Јехова не само што има сочувство туку и покажува сочувство (Иса. 63:7-9). Таа одлучила да го примени она што го научила така што ќе пружи некому практична помош. Истиот ден подоцна, додека пазарувала, сретнала една жена која била бездомник и ѝ понудила да ѝ купи нешто за јадење. Жената прифатила. Кога сестрата се вратила со јадењето, кратко ѝ посведочила на жената со помош на трактатот Ќе им дојде ли крај на страдањата?

Жената почнала да плаче. Таа ѝ објаснила на сестрата дека пораснала во семејство на Јеховини сведоци, но дека пред многу години престанала да живее според вистината. Сепак, неодамна почнала да го моли Јехова да ѝ помогне да му се врати. Сестрата ѝ дала Библија и жената се согласила да проучува. a

Ние можеме да го следиме примерот на Јехова така што ќе покажуваме сочувство кон луѓето, вклучувајќи ги и нашите роднини и браќата и сестрите во собранието. Исто така, можеме да покажуваме сочувство така што ќе бараме прилики да им сведочиме на другите.

a За да дознаеш како да им помогнеш на неактивните, види ја статијата „Вратете се кај мене“, која излезе во Стражарска кула од јуни 2020.