Се сеќаваш ли?
Дали внимателно ги читаше броевите од Стражарска кула од оваа година? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
Што значи да го обновиме нашиот ум? (Рим. 12:2).
Не е доволно само да направиме неколку добри дела во животот. Мора да се преиспитаме какви сме однатре и да ги направиме потребните промени, за колку што е можно повеќе да живееме во склад со Божјите мерила (w23.01, стр. 8-9).
Како можеме да бидеме урамнотежени додека гледаме што се случува во светот?
Ние сме заинтересирани за тоа како настаните во светот ги исполнуваат библиските пророштва. Ние не шпекулираме бидејќи со тоа би го нарушиле единството во собранието. Наместо тоа, нашите разговори ги темелиме на информациите што ги дава Јеховината организација (1. Кор. 1:10; w23.02, стр. 16).
Кои се разликите во крштавањето на Исус и крштавањето на неговите следбеници?
Бидејќи бил роден во еден народ кој веќе му бил заветуван на Бог, Исус не морало да му се заветува на Јехова како што правиме ние. Тој бил совршен, безгрешен човек и затоа немало потреба да се покае за своите гревови (w23.03, стр. 5).
Како можеме да им помогнеме на другите да коментираат на состаноците?
Треба да се трудиме нашите коментари да бидат кратки бидејќи така ќе има доволно време за да коментираат повеќе лица. Исто така, не треба да ги вклучиме сите мисли од пасусот. Така ќе им овозможиме и на другите да имаат што да коментираат (w23.04, стр. 23).
Што претставува симболичниот „Пат на светоста“ кој е спомнат во Исаија 35:8?
Овој симболичен пат прво се однесувал на патот по кој оделе Евреите од Вавилон до нивната родна земја. А што претставува овој пат во поново време? Стотици години пред 1919 год., биле направени потребните подготовки за овој пат, во што спаѓаат преведувањето и печатењето на Библијата. Овој „Пат на светоста“ го води Божјиот народ низ духовниот рај денес, а во иднина ќе го доведе до дословниот рај каде што Божјето Царство ќе излее многу благослови w23.05, стр. 15-19).
За кои две симболични жени станува збор во Изреки поглавје 9?
Едната симболична жена за која се зборува во Изреки е „глупавата жена“ чија покана води во „гробот“. Другата симболична жена е „вистинската мудрост“ чија покана води кон „патот на разборитоста“ и кон живот (Изр. 9:1, 6, 13, 18; w23.06, стр. 22-24).
Како се гледаат понизноста и разумноста на Јехова од начинот на кој постапил со Лот?
Јехова му кажал на Лот да бега од Содом во планините. Кога Лот го замолил да побегне во Сигор, Јехова му го дозволил тоа (w23.07, стр. 21).
Што може да прави една жена доколку нејзиниот сопруг гледа порнографија?
Таа треба да има на ум дека не треба да се обвинува себеси. Треба да се труди да се концентрира на своето пријателство со Бог и да размислува за некои жени од Библијата кои се измачувале поради некој свој проблем, но добиле утеха од Бог. Може да му помага на својот сопруг да избегнува ризични ситуации (w23.08, стр. 14-17).
Како може разбирањето, односно проникливоста да ни помогне кога некој сака да се расправа со нас околу нашите верувања?
На прашањето што ни било поставено можеме да гледаме како на можност да дознаеме како размислува тоа лице или што му е важно. Тоа ќе ни помогне да му одговориме љубезно и благо (w23.09, стр. 16-17).
Што можеме да научиме од Марија за тоа како да ја добиеме силата што ни е потребна?
Кога дознала дека ќе стане мајка на Месијата, Марија добила помош од другите. Гавриел и Елисавета ја охрабриле со помош на Светото писмо. И ние можеме да добиеме сила од нашите соверници (w23.10, стр. 15).
Како Јехова може да одговори на нашите молитви?
Јехова ветува дека ќе ги слуша нашите молитви и дека притоа ќе ја зема предвид својата намера (Ерем. 29:12). На слични барања, Јехова може да одговори на различни начини, но можеме да бидеме уверени дека секогаш ќе нѐ поддржува (w23.11, стр. 21-22).
Зошто во Римјаните 5:4 се спомнува „надежта“ кога таа е веќе спомната во стих 2?
Кога некое лице ќе ја слушне добрата вест, може да добие надеж за вечен живот во рај на Земјата. Но кога доживува неволји, кога истрајува во нив и кога гледа дека Јехова е задоволен со него, неговата надеж станува уште поцврста и уште повеќе ја цени (w23.12, стр. 12-13).