Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИБЛИСКА ФРАЗА

Простување на гревовите направени во минатото

Простување на гревовите направени во минатото

Нашите гревови можат да ни бидат простени само преку откупната жртва на Исус која тој ја платил со својата крв (Еф. 1:7). Сепак, во Библијата пишува: „Бог... во својата воздржливост ги простуваше гревовите направени во минатото“, што значи дека Јехова простувал гревови уште пред Исус да ја даде откупнината (Рим. 3:25). Како можел Јехова да го прави тоа, а во исто време да не ги прекрши за своите совршени мерила за правда?

Од Јеховина гледна точка, откупнината како веќе да била платена во моментот кога Бог одлучил да обезбеди „потомство“ преку кое ќе се спасат оние што имаат вера во него (1. Мој. 3:15; 22:18). Бог бил потполно уверен дека во времето што го одредил за тоа, неговиот единороден Син спремно ќе го даде својот живот како откупнина (Гал. 4:4; Евр. 10:7-10). Додека бил на Земјата како Божји претставник, Исус имал власт да простува гревови уште пред да ја принесе откупнината. Тој можел да им ги прости гревовите на оние што имале вера затоа што знаел дека со неговата жртва ќе бидат покриени нивните гревови (Мат. 9:2-6).