ИДЕИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ
Како да се справиш со неправдите
Прочитај 1. Мојсеева 37:23-28; 39:17-23 за да дознаеш како примерот на Јосиф може да ти помогне да се справиш со неправдите.
Дознај повеќе од контекстот. Зошто другите постапиле неправедно со Јосиф? (1. Мој. 37:3-11; 39:1, 6-10). Колку долго требало Јосиф да трпи неправди? (1. Мој. 37:2; 41:46). Што направил Јехова за Јосиф во тој период, а што не направил? (1. Мој. 39:2, 21; w23.01 17, пас. 13).
Истражувај ги деталите. Во Библијата не пишува дека Јосиф кажал нешто во своја одбрана кога жената на Петефри лажно го обвинила. Како можат следните стихови да ни помогнат да сфатиме зошто Јосиф можеби одлучил да молчи или зошто не треба да очекуваме да ги знаеме сите детали? (Изр. 20:2; Јован 21:25; Дела 21:37). Кои особини можеби му помогнале на Јосиф да се справи со неправдите? (Мих. 7:7; Лука 14:11; Јак. 1:2, 3).
Размисли кои се поуките. Прашај се:
-
„Какви неправди можам да очекувам бидејќи сум ученик на Исус?“ (Лука 21:12, 16, 17; Евр. 10:33, 34).
-
„Како можам да се подготвам за успешно да се справам со неправдите?“ (Пс. 62:7, 8; 105:17-19; w19.07 2-7).